Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Уште денес трае “приоритетната замена“, од утре почнува слободната продажба на билети за 1/4-фин. во ЛШ на ЖРК и РК Вардар
Уште денес трае “приоритетната замена“, од утре почнува слободната продажба на билети за 1/4-фин. во ЛШ на ЖРК и РК Вардар

Уште денес трае “приоритетната замена“, од утре почнува слободната продажба на билети за 1/4-фин. во ЛШ на ЖРК и РК Вардар

Уште денес (5.април)  трае приоритетната замена на сезонските билети со билети за четврт-финалнитенатпревари во лигата на шампионите за Вардар, во машка и женска конкуренција. Веќе од утре, (06.04.2018 год.) ќе започне регуларната продажба за натпреварите во лигата на шампионите за Вардар, во машка и женска конкуренција.

НАПОМЕНА: По истекувањето на рокот, сите сезонски билети кои нема да се заменат ќе бидат пуштени во слободна продажба и имателите на сезонските билети нема да можат да си ги купат истите понатаму.

Приоритетната замена на сезонските картички со билет за четврт-финалните натпревари ќе се врши исклучиво на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“  од 10:00 – 18:00 часот. Притоа ќе биде задолжително приложување на сезонскиот билет.

Повеќе информации на info@ticketplus.mk и на телефонскиот број +389 2 2401 980

Сите што во овој рок нема да извршат замена на билетите, значи дека се откажуваат од тоа право, и истите ќе бидат пуштени во слободна продажба.

Цени на билети:

РК Вардар

- А блок – 600 денари

- Централни – 500 денари

-Позади гол – 400 денари

- Стоење – 200 денари

ЖРК Вардар

-А блок – 300 денари

-Централни – 200 денари

-Позади гол – 150 денари

ВАРДАР ПАС – само за имателите на Вардар ПАС

-А блок – 800 денари

-Централни – 600 денари

-Позади гол – 500 денари