Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Наум Ангелов: Наградата за најдобар голман е дело на сите мои соиграчи, ќе направиме се до крајот да ја освоиме двојната круна во лигата и купот
Наум Ангелов: Наградата за најдобар голман е дело на сите мои соиграчи, ќе направиме се до крајот да ја освоиме двојната круна во лигата и купот

Наум Ангелов: Наградата за најдобар голман е дело на сите мои соиграчи, ќе направиме се до крајот да ја освоиме двојната круна во лигата и купот

Наум Ангелов го брани голот на вардаровата генерација родени “2004“ година која се натпреварува во регионалната-скопска лига. Ова момче има интересна приказна околу неговите спортски почетоци, кои не се поврзани со фудбалот. Веќе четврта година е дел од најголемиот клуб во Македонија, каде најпрво започнува како играч, а подоцна е откриен неговиот талент за голман, кој неодамна на еден турнир во Бугарија го круниса со награда. Во следново интервју ќе ве запознаме на кратко со Наум, кој моментално е прв чувар на мрежата на црвено-црните во оваа возрасна генерација.

-Од мали детски денови, речиси на 6 години започнав да се занимавам со спорт и тоа со кошарка, но од мојата деветта година започнав да играм активно фудбал и тоа од 2013 година во Спорт ЕФЕ Скопје, а потоа од 2014 година да преминам во ФК Вардар. Прв Тренер во Вардар ми беше Филип Арсовски и во тоа време играв повремено како централен напаѓач или лево крило и нормално не беше лесно, туку бараше многу труд и откажувања од секојдневните детски задоволства. Потоа подолг период тренер ми беше Ане Андовски. Еден краток период ни беше тренер и Сашо Јанев. Од 2017 година тренер на нашата генерација родени “2004“ е Игор Кралевски.

Наум ни ја опиша и неговата пресвртница во фудбалската кариера, кога од играч станува голман, позиција на која денес е успешен и во пролетниот дел од сезоната е прв голман на вардаровата генерација “2004“.

-Пресврт во мојата фубалска кариера од напаѓачки играч во голман се случи на почетокот 2016 година, кога на еден тренинг го заменував голманот од нашата генерација и се покажав како добар „заменски“ голман. Од тој момент тренерот Мутибариќ ми предложи да бидам дел од неговата школа за млади голмани во ФК Вардар и ја прифатив таа понуда и станав голман на генерацијата родени 2004 година.

Вардар успеа да го освои првото место на силниот меѓународен турнир “Колониа Куп“, кој во периодот од 3-6-ти април се играше во градот Бургас ( Бугарија). Избраниците на Кралевски одиграа пет натпревари на кои забележаа исто толку победи. Имавме и импресивна гол разлика, постигнувајќи вкупно 21 гол, додека примивме само 3 погодоци.

-Турнирот во Бругас беше голем предизвик за целиот тим, бидејки на почетокот на месец февруари имавме силен турнир во Сандански, Република Бугарија, каде го освоивме третото место во многу силна конкуренција. Тој турнир ни беше лекција која ја научивме и бевме поподготвени за овој турнир, пред се психички, бидејки знавме дека можеме со упорност и колективна игра да ја победиме секоја екипа. Искрено сите играчи се надевме дека ќе освоиме едно од првите три места на турнирот во Бургас, но еве успевме да го освоиме првото место, заради колективната игра, добриот дух во екипата, упорноста и мудрите потези на нашиот тренер Кралевски. Организацијата на турнирот во Бургас беше безпрепокорна и мое мислење е дека сите генерации на млади играчи на ФК Вардар треба да учествуваат на вакви меѓународни турнири.

vardarfans-naum

По одигрување на финалните натпревари во сите три генерации се доделуваа и поединечни награди за најдобрите поединци. Признанието за најдобар голман кај генерацијата родени “2004“ година му припадна токму на голманот на Вардар, а тоа е Наум Ангелов кој истакна дека не го очекувал, но поради добриот настап во полуфиналето и со помошта на неговите соиграчи на крајот оваа награда му припадна нему.

-Што се однесува до наградата за најдобар голман на турнирот воопшто не ни помислував на вакво нешто, но благодарение на моите одбрани во полуфиналниот напревар со Берое и се разбира со помош на моите соограчи од одбраната еве јас сум избран од страна на тренерите од сите екипи кои учествуваа на турнирот за најдобар голман. Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи за оваа награда, бидејки таа е дело на сите нас, генарацијата 2004.

292

Црвено-црните се неприкосновени и во домашните натпреварувања и се на добар пат да ја освојат двојната круна. Во регионалната лига веќе имаат голема и недостижна предност пред конкурентите, додека во купот ги очекува полуфинален двомеч со екипата на Топ Гол од Охрид.

-Во врска со регионалната-скопска и купот ние сакаме да бидеме освојувачи на двојната титула и ќе направиме се да ги освоиме двете титули. Се надевам дека до крајот на лигата нема да бидеме поразени и со тоа ќе ја зацврстиме и така цврстата улога на Вардар во Македонскиот фудбал.

Звонко Ивановски