Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар се “загреваше“ со Овче Поле, за саботниот реванш во ЛШ против екипата на Митјиланд
ЖРК Вардар се “загреваше“ со Овче Поле, за саботниот реванш во ЛШ против екипата на Митјиланд

ЖРК Вардар се “загреваше“ со Овче Поле, за саботниот реванш во ЛШ против екипата на Митјиланд

Вардарки со Овче Поле се загреваа за саботниот реванш од четвртфиналето во Лигата на Шампионите. Црвено-црните стигнаа до својата 23 последователна победа во женската супер лига и стигна до нов рутински триумф. Високо беше совладана екипата на Овче Поле, со резултат 14:52.

Во првото полувреме, противникот постигна само шест голови, кога на одмор се замина со водство на Вардар од 6:27. Ниту во второто полувреме не се изнаигра Овче Поле, кога постигна само осум голови, за разлика од нашиот шампион кој до крајот на мечот ја наполнија противничката мрежа. Нов висок триумф на крајот изразен со резултат 14:52.

Вообичаено најефикасни ракометарки на мечевите од женската лига се Ристовска која постигна 16 голови, додека Саздовска додаде 15 погодоци, или повеќе од половина на својот тим. Во сабота, со почеток од 17:00 часот, Вардар го игра реваншот против екипата на Митјиланд, дуел на кој ќе стартува со гол предност, обезбеден од првиот дуел во Данска.