Во домот на црвено-црните, Спортскиот центар „Јане Сандански“ се во тек завршните подготовки за Ф4 турнирот од регионалната СЕХА лигата. Вчера проба имаше и Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, на играорците им се приклучија и некои вардарови ракометари.
Двајцата ракометари на Вардар, Даниил Шишкарев и Мијајло Марсениќ им се приклучија на играорците од „Танец“ и се обидоа да го заиграат заедно со нив.