Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Симона Грујовска: Дебито за сениорската екипа на Вардар јуниор е голема чест, но и мотив за мене за во иднина
Симона Грујовска: Дебито за сениорската екипа на Вардар јуниор е голема чест, но и мотив за мене за во иднина

Симона Грујовска: Дебито за сениорската екипа на Вардар јуниор е голема чест, но и мотив за мене за во иднина

Екипата на Вардар Јуниор во рамки на 23.коло од  женската Супер лигата  го пречекаа тимот на ЖРК Гевгелија.   Вардарки триумфираа со одлична игра особено во вториот дел, кога на мечот  победивме со 36-24, овој период го одбележа успешното деби на 14.годишната голманска надеж Симона Грујовска.   Во 34.минута тренерот  и даде прилика за деби на младата голманска и иднина на црвено-црните, Симона Грујовска  која има само 14.години. Таа имаше деби за паметење во сениорскиот тим на Вардар, бранеше фантастично и зрело против гевгеличанки.

30727381_1892176724135286_4187228097214414848_n

Симона на дебито имаше  дури 11 одбрани, голем напредок има кај оваа девојка  која е  дел од младите категории на Вардар од октомври 2016. Постепено напредуваше изминатиот период под будното око на ракометниот голмански стручњак Александар Царчев, кои имаше позитивни критики за нејзиното деби и одличниот учинок во истото. Во продолжение ви носиме интервју со оваа млада голманска надеж пред која е блескава иднина во црвено-црниот женски ракометен колектив.

1. Како го доживеја своето деби за сениорски тим, колку ти значи довербата која ја доби да го браниш голот на Вардар Јуниор во сениорски натпревар на само 14.годишна возраст?

Можам да кажам дека многу сум среќна, но и благодарна што тренерите Симе Симевски и Александар Царчев имаа доверба во мене. Тие верува во мене и   ми пружија прилика да дебитирам  за сениорски состав, вториот тим на Вардар, Вардар Јуниор. Тоа е голема чест и мотив за мене, но и потврда дека работам трудољубиво на себе.

2. На мечот со Гевгелија забележа дури 13 одбрани за 25.минути колку што настапи, респектабилна бројка на интервенции и за еден младински дуел, а камо ли за сениорски меч. Колку си задоволно од нова што го прикажа на своето деби завчера?

30727129_1892176984135260_2288423390660263936_n

Ви благодарам за убавите зборови,многу ми значат. Навистина, задоволна сум од моето деби на натпреварот со ЖРК Гевгелија иако секогаш може подобро, што е мој мотив секогаш. Воедно сакам да нагласам дека за моите 11 одбрани голема заслуга имаше и добрата одбрана на тимот која секогаш е важна за голманот и неговите постигнувања. На овој натпревар многу совети и неизмерна поддршка добив и од постарата и поискусна голманка на Вардар Јуниор, Слободанка Кицеска.

3. По ова деби се наметнува прашањето што очекуваш во иднина дел си од кадетско-младинската екипа, а сега се наметна и во сениорскиот состав. Каде се гледа Симона во иднина?

Пред се да кажам дека мојата најголема желба е да играм ракомет, спортот во кој сум вљубена. Јас ќе бидам среќна и исполнета ако мојата кариера како голман на Вардар оди по нагорна линија и понатака, скалило по скалило.

gol2-660x330

4. Одлично тргнавме оваа пролет со триумфи во младинската и кадетската лига, каде имате 100% ефект пролетва. Што очекуваш во продолжение од сезоната во овие натпреварувања, во кои на четири меча  ( на кои делеше минутажа) успеаа да стигнеш до одлични 34 одбрани зад своето име ?
До сега немаме пораз и се надевам дека ќе остане така до крај. Интензивно работиме на нашата форма на тренинзите кои секојдневно ги имаме со нашиот тренер Драгана Пецевска-Ристова. Најголем напредок почувствував откако имам голмански тренинзи со тренерот за голмани Александар Царчев кој има индивидуален пристап кон секој, тој навистина знае да го пренесе голманското знаење на нас помладите. Очекувам да продолжиме со добрите игри и да оствариме многу победи и успеси.
Михајло Тушевски