Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Омерагиќ и Салиу донесоа триумф за фудбалската селекција до 16 години, во дуелот со Азербејџан на турнирот во БИХ
Омерагиќ и Салиу донесоа триумф за фудбалската селекција до 16 години, во дуелот со Азербејџан на турнирот во БИХ

Омерагиќ и Салиу донесоа триумф за фудбалската селекција до 16 години, во дуелот со Азербејџан на турнирот во БИХ

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години се наоѓа на турнир во Босна и Херцеговина, каде се закажани три контролни натпревари. Избраниците на Марио Вујовиќ веќе го одиграа првиот дуел и тоа против селекцијата на Азербејџан, на кој славевме со резултат од 2:0.

Македонија до 16 години ги победи врсниците од Азербејџан со 2:0 и тоа со голови на двајца играчи од Вардар. Фисник Салиу и Азер Омерагиќ беа стрелци на головите со кои Македонија успеа да триумфира на овој прв пријателски натпревар во БИХ. Двајцата играчи по втор пат добиваат повик од селекторот Марио Вујовиќ и целосно ја оправдаа довербата кај стручниот штаб. Покрај нив во стартниот состав беше уште и Марио Илиевски. На овој турнир се уште и тројца други играчи од Вардар, се работи за Анатолиј Петејчук, Александар Ѓурковски и Али Асани.

Денес го играме вториот натпревар, против домашната селекција на БИХ, додека учеството на турнирот го затвараме во недела, со натпревар против репрезентацијата на Хрватска.