Екипата на Вардар Јуниор во рамки на 23.коло од женската Супер лигата го пречекаа тимот на ЖРК Гевгелија. Вардарки триумфираа со одлична игра особено во вториот дел, кога на мечот победивме со 36-24, овој период го одбележа успешното деби на 14.годишната голманска надеж Симона Грујовска. Во 34.минута тренерот и даде прилика за деби на младата голманска и иднина на црвено-црните, Симона Грујовска која има само 14.години. Таа имаше деби за паметење во сениорскиот тим на Вардар, бранеше фантастично и зрело против гевгеличанки.
Симона на дебито имаше дури 11 одбрани, голем напредок има кај оваа девојка која е дел од младите категории на Вардар од октомври 2016. Постепено напредуваше изминатиот период под будното око на ракометниот голмански стручњак Александар Царчев, кои имаше позитивни критики за нејзиното деби и одличниот учинок во истото. Во продолжение ви носиме интервју со оваа млада голманска надеж пред која е блескава иднина во црвено-црниот женски ракометен колектив.
1. Како го доживеја своето деби за сениорски тим, колку ти значи довербата која ја доби да го браниш голот на Вардар Јуниор во сениорски натпревар на само 14.годишна возраст?
Можам да кажам дека многу сум среќна, но и благодарна што тренерите Симе Симевски и Александар Царчев имаа доверба во мене. Тие верува во мене и ми пружија прилика да дебитирам за сениорски состав, вториот тим на Вардар, Вардар Јуниор. Тоа е голема чест и мотив за мене, но и потврда дека работам трудољубиво на себе.
2. На мечот со Гевгелија забележа дури 13 одбрани за 25.минути колку што настапи, респектабилна бројка на интервенции и за еден младински дуел, а камо ли за сениорски меч. Колку си задоволно од нова што го прикажа на своето деби завчера?
Ви благодарам за убавите зборови,многу ми значат. Навистина, задоволна сум од моето деби на натпреварот со ЖРК Гевгелија иако секогаш може подобро, што е мој мотив секогаш. Воедно сакам да нагласам дека за моите 11 одбрани голема заслуга имаше и добрата одбрана на тимот која секогаш е важна за голманот и неговите постигнувања. На овој натпревар многу совети и неизмерна поддршка добив и од постарата и поискусна голманка на Вардар Јуниор, Слободанка Кицеска.
3. По ова деби се наметнува прашањето што очекуваш во иднина дел си од кадетско-младинската екипа, а сега се наметна и во сениорскиот состав. Каде се гледа Симона во иднина?
Пред се да кажам дека мојата најголема желба е да играм ракомет, спортот во кој сум вљубена. Јас ќе бидам среќна и исполнета ако мојата кариера како голман на Вардар оди по нагорна линија и понатака, скалило по скалило.