На денешен ден пред четири години, Вардар успеа по втор пат да ја освои СЕХА-лигата, откако во финалето го совлада токму денешниот противник, екипата на Брест Мешков. Во сезоната 2013/14 завршниот турнир се одигра во Нови Сад, а во големото финале играа токму екипите на Вардар и Брест Мешков. Иако имавме негатива од еден гол разлика (14:15), на крајот црвено-црните славеа триумф од 29:27 и на тој начин го подигнаа трофејот. Во тоа финале, блескаше левото крило на Вардар, Тимур Дибиров кој постигна дури 11 голови од 12 обиди кон противничкиот гол. Воедно Дибиров беше прогласен и за МВП на завршниот турнир во Нови Сад. Третото место пак му припадна на ППД Загреб кој беше подобар од Татран Прешов.
Нека се повтори историјата и денес, за Вардар да слави над овој противник и да обезбеди уште едно големо финале, овој пат пред својата публика.