Вчера скопската публика се прости од ЖРК Вардар на еден спектакуларен начин. Во еден одличен амбиент, со песни и насмевки на лицата, ги испраќаме нашите девојки на Ф4. Митјиланд беше достоен ривал само 15-сетина минути, потоа со една убедлива игра нашите девојки лесно се пласираа на нов завршен турнир со победа 32:25 (17:12).