По еднонеделна пауза, денеска повторно се вратија возбодувањата во Детската фудбалска лига. На терените на ФК Работнички нови мечеви одигра генерацијата 2009 на ФК Вардар, кои одиграа дуели со Фортуна и Башкими.
ФК Вардар генерација 2009 (1) немаше свој ден па така загуби од Фортуна со резултат 4:0. ФК Вардар (2) генерација 2009 пак, во еден супер интересен дуел и возбудлив, несреќно загуби со резултат 4:3 од Башкими. На овој денешен дуел головите за тимот на Вардар ги постигнаа Марко Петровски (два) и Павел Котевски – Митровски еден.
Во следното коло, генерацијата 2009 ќе покаже дека ова беше само еден лош ден кој треба брзо да се заборави.