Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пенезиќ: Имаме еден месец да се подготвуваме за Ростов Дон и да ги анализираме сите детали од нивната игра
Пенезиќ: Имаме еден месец да се подготвуваме за Ростов Дон и да ги анализираме сите детали од нивната игра

Пенезиќ: Имаме еден месец да се подготвуваме за Ростов Дон и да ги анализираме сите детали од нивната игра

Вечерва во Будимпешта беа извлечени полуфиналните двојки за завршниот турнир во Будимпешта. Противник на вардарки ќе биде екипата на Ростов Дон од Русија. Другото полуфинале го сочинуваат екипите на Ѓер и ЦСМ Букурешт. Вардар досега нема одиграно меч со овој противник во Лигата на Шампионите и ова ќе биде нивно прво соочување во најголемото натпреварување.

-Имаме само два натпревари одиграно со нив. Не знаеме како тие ни „лежат” за играње. Знаеме дека имаат добри играчи, добри крила, а некои играа во Вардар во минатото. Голманките Песоа и Седојкина се во добра форма. Ние мораме да се фокусираме на нашата одбрана и нашата игра и да не размислуваме за нив. 

Ростов Дон е дебитант на завршниот турнир, но Пенезиќ вели дека тоа не може да биде предност на црвено-црните.

-Ништо не значи што се првпат на завршниот турнир. Ние размилсуваме само тој полуфинален меч и ништо друго. Тие покажаа дека се добри, и имаме еден месец за подготовка и да се анализираат сите детали од нивната игра.