Денешната ждрепка сакаше Вардар во 1/2 финалето силите да ги одмери со тимот на Ростов Дон од Русија. Значи, на патот до толку посакуваното финале и трофејот ќе стои најпрвин тимот на Ростов Дон. Во другото 1/2 финале, ќе се сретнат домаќинот, тимот на Ѓер и ЦСМ Букурешт.
Завршниот турнир ќе се одржи во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта на 12 и 13 мај. Се надеваме дека токму на 13 мај ќе славиме титула и во Будимпешта и во Скопје.