Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор со гостинска победа кај тимот на ЖРК Овче Поле
Вардар Јуниор со гостинска победа кај тимот на ЖРК Овче Поле

Вардар Јуниор со гостинска победа кај тимот на ЖРК Овче Поле

Завчера во младата екипа на Вардар Јуниор, предводена од Симе Симовски гостуваше во рамки на 24.коло од Супер лигата во Свети Николе. Наш домаќин во салата “Цар Самоил“ беше тимот на ЖРК Овче Поле, во еден дуел во кој доминиравме во поголем дел од истиот освен во почетните минути кога домаќинот даде каков таков отпор победивме со двоцифреана предносот, ние дојдовме до победа на мечот со резултат 23-33.

Домаќинот отвори прв со погодок за 1-0, ние преку Ивона Трпевска  изедначивме на 1-1 во продолжение. Потоа се играше гол за гол на двете страни, беше најпрвин 2-2, па 3-3 и на крајот 4-4. По овој резултат ние прв пат со два гола се одлепивме на позитива, поведувајќи со 4-6. Истата ја задржавме се до резултатот 8-10, кога со уште два последователни гола првпат отидовме на “плус четири“, на овој дуел  8-12. До крајот на првиот дел домаќинот успеа само да ја намали нашата предносот, ние со комоти три гола заминавме на одмор. На семафорот во салата “Цар Самоил “- Свети Николе на семафорот стоеше 10-13 во корист на црвено-црните девојки.

Вториот дел почна со погодок на Ана Иванова, со кој се одлепивме на 10-14 на самиот старт. Овој дел го одигравме фуриозно па од минута во минута го газевме противникот.  Некаде на средината од вториот дел отидовме и на двоцифрена предност, поведовме со високи 16-26. Се до крајот беше рутина, ние го имавме добиено овој дуел. Истиот заврши со предност од десет гола за нас, ние дојдовме до гостински бодови со резултат 23-33 на овој меч.

 Вардар: Андреа Илиќ , Драгана Стојанова, Ана Иванова 3, Филиповска Сашка 6, Милица Никочиќ , Ружица Атанасова 1, Бојана Диневска 3,  Моника Георгиевска 1,  Александра Вељановска, Слободанка Кицевска, Анастасија Николовска 7, Шадие Реџеп 1, Марија Николовска 2,   Ангела Карчова 1, Мартина Стефановска 1, Божиновска Ива 4, Ивона Трпевска  8

Тренер: Симе Симовски