Вечерва во Будимпешта беа извлечени полуфиналните двојки за завршниот турнир во Будимпешта. Противник на вардарки ќе биде екипата на Ростов Дон од Русија. Другото полуфинале го сочинуваат екипите на Ѓер и ЦСМ Букурешт. Вардар досега нема одиграно меч со овој противник во Лигата на Шампионите и ова ќе биде нивно прво соочување во најголемото натпреварување.
-Имаме само два натпревари одиграно со нив. Не знаеме како тие ни „лежат” за играње. Знаеме дека имаат добри играчи, добри крила, а некои играа во Вардар во минатото. Голманките Песоа и Седојкина се во добра форма. Ние мораме да се фокусираме на нашата одбрана и нашата игра и да не размислуваме за нив.
Ростов Дон е дебитант на завршниот турнир, но Пенезиќ вели дека тоа не може да биде предност на црвено-црните.
-Ништо не значи што се првпат на завршниот турнир. Ние размилсуваме само тој полуфинален меч и ништо друго. Тие покажаа дека се добри, и имаме еден месец за подготовка и да се анализираат сите детали од нивната игра.