Помладите пионери на ФК Работнички и Вардар одиграа без победник, со нерешен резултат 1:1. Црвено-црните беа условно како гости на овој дуел, но по договор на двете екипи, овој меч се одигра на теренот на Академијата, барање кое Вардар го прифати по одлука на ФК Работнички.
Домашниот тим успеа прв да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 и тоа во 20 минута од мечот преку. Радоста на противникот не траеше многу време, кога вардарци успеваат да постигнат гол и да го израмнат резултатот на 1:1 и тоа преку Фисник Салиу. На крајот овој резултат се покажа и како конечен, на ова градско дерби кај генерацијата родени “2000„ година.
ФК Вардар: Величковски, Костовски, Асани, Гугуљанов, Радуловиќ, Крстевски, Г.Стојановски, Петејчук, Омерагиќ, К.Стојановски, Салиу.
На клупата за резерви беа: Станковски, Симев, Ѓорѓиевски, Сељанац, Демири, Фазлиу, Исени.
Во игра влегоа уште и Муас Демири и Атом Фазлиу.
Избраниците на Тодоровски и после одигрување на ова коло остана непоразен, а интересно Работнички прекина добра серија на Вардар од 16 последователни победи во лигата. Нема грижи за нашите момци, кои може да се каже дека од поодамна ја обезбедија титулата, со оглед дека имаат голема бодона предност пред конкурентите. Оваа генерација на Вардар сега има 17 победи и два нерешени резултат и еден заостанат натпревар од 19 коло, против екипата на Ренова.