Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нападот на двете екипи во многу нешта ќе зависи од Зарабец и Циндриќ
Нападот на двете екипи во многу нешта ќе зависи од Зарабец и Циндриќ

Нападот на двете екипи во многу нешта ќе зависи од Зарабец и Циндриќ

Денешниот тек на дуелот Кил – Вардар во многу нешта ќе зависи од двајца ракометари. Од едната страна кај „зебрите“ тоа ќе биде централниот бек Миха Зарабец, а од другата страна кај Вардарци тоа секако дека ќе биде “моторот” на тимот, Лука Циндриќ.

Започнуваме од “малиот” играч од Словенија кој оваа сезона дојде во Кил од тимот на Целје. Зарабец и е добро познат на нашата ракометна јавност, овој играч на неколку наврати бил дел од својата репрезентација на дуелите со Македонија. Зарабец оваа сезона игра променливо иако од него во Кил очекуваа многу повеќе. Досега централниот бек има постигнато само 26 голови, што е премалку за разлика од минатата сезона. Но, откако дојде во новиот тим, од него повеќе се бара креација и асистенции, отколку голови како што беше случај во Целје.

dsasasasadsa

Од спротивната страна е мајсторот на оваа игра Лука Циндриќ. Циндриќ и оваа сезона игра феноменално во дресот на Вардар, досега нашиот играч е стрелец на 46 погодоци, што покажува дека во овој сегмент од играта е далеку поуспешен од неговиот колега од спротивната страна. Многу нешта во играта на Вардар и на овој меч ќе зависат секако од главниот креативец кој покрај головите, ќе треба да ги “храни” со топки нашите пикери и крила.

Се на се, не очекува еден многу интересен дуел и пред се возбудлив за гледање. Бидете пред малите екрани од 17 часот и навивајте за нашиот Вардар!