Денес се одигра лигашки дуел во лигата за младинки, тимот на РК Кичево10 беше домаќин на екипата на ЖРК Вардар Јуниор. Црвено-црните девојки на Драгана Пецевска-Ристова на дуелот во сала “Јанчица“ дојдоа до победа со резултат 16-39 (7-19).
Нашите девојки влегоа одлично во дуелот, тие на почетокот отворија со три гола за почетни 0-3. Потоа се играше игра гол за гол двете екипи постигнаа по три гола во противничката мрежа за резултат 3-6. Следеа повторно минути на црвено-ццрните дами, тие влегоа во одлична серија 2-7 со која се одлепивме на 5-13, пред почетокот на последните минути од првиот дел. Во последните минути ние не одстапивме од нашата игра од минута во минута го зголемувавме водството, па на пауза заминавме со 12 гола позитива. На семафорот во сала “Јанчица“-Кичево стоеше 7-19 во наша корист.
Вториот дел почна фуриозно за нас, ние отворивме на прекрасен начин, правејќи огромна серија 0-5 на почетокот па отидовме на високи 7-24, по кои прашање беше едноставно со колкава разлика ќе забележиме победа на овој дуел во гости. Се до крајот беше рутина, искористивме поголем дел од ростерот во продолжението од натпреварот. Од минута во минита го зголемувавме дополнително водството на овој натпревар, на крајот победивме со 23 гола позитива. Ние забележавме триумф со резултат 16-39. Кај нас Ѓорѓиевска Стефанија и Седлоска Андреа беа први стрелци со по 6 гола, гол помалку имаше Ива Јакочевска.