Денес во спортската сала “Гоце Делчв“ во населбата Илинден се одигра натпревар во женската младиснка лига, помеѓу екипите на Кузман-Вардар и Вардар. Поуспешни без ибраничките на Платон, кои славеа со резултат 23:28.
Од самиот старт на натпреварот имавме предност и нит во еден момент не му дозволивме на противникот да биде во позитива. Започнавме со серија од о:4, за првиот гол домашниот тим да го постигне во петтата минута, за да го намали резултатот на 1:4. Истава позитива ја имавме и при резултат 2:6 и во тие моменти имавме контрола на резултатот. Сепак како течеше првото полувреме се топеше предноста на црвено-црните, па со серија од 6:3 екипата на Кузман намали на само еден гол негатива (8:9). Сепак во следните четири минути избраничките на Платон успеваат да псотигнат три последователни голови и повторно да имаат највисоки четири голови позитива (8:12). Повторно ни се доближи домашниот тим на гол негатива, но Вардар успева по истекот на првите 30 минути да има предност од 12:14.
Слично како во првото, вардарки подобор го стартуваа и вториот дел кога по пет минути игра имаа предност од 14:18, за тимот на Кузман да врати со серија од 3:0 и да го намали резултатот на 17:18. Решавачкиот чекор кон победата го направивме кога при резултат 21:22, нашите девојки направија серија од 1:4 и зголемија на 22:26. Немаше многу време за поголеми возбудувања, па на крајот слави екипата на Вардар со резултат 23:28.
Кај Вардар најрасположeни за голови беа Марија Гоцевска и Анастасија Неловска со 6 погодоци. Инаку на овој меч, Вардар настапи со неколку ракометарки кои се генерациски родени 2004/05 година.
Вардар: Бабунска, Ивановска 1, Софковска 2, Неловска 6, Величковска, Пешиќ 2, Колевска 2, Паланковска, Алушовска, Костадиновска 2, Гоцевска 6, Ангеловска 3, Христова, Стојчевска, Борјана Коцева 2, Бојана Коцева 2.