Младинците на Вардар Јуниор денес на Кале одиграа натпревар во рамките на групата 2 од младинската лига. Избраниците на Пепи Манасков беа поразени од екипата на Пролет 62 со резултат 32:33.
По првите шест минути се играше гол за гол на двете страни, а при резултат од 4:4, гостинската екипа беше прва која со мини серија од два погодоци се одлепи на 4:6. Следеше брз одговор на црвено-црните кои носат ново израмнување на 7:7, за противникот да постигне три последователни голови и да го зголеми резултатот на 7:10. Овој натпревар имаше многу резултатски пресврти и двете екипи се менуваа во водство. При предност на Пролет 62 од 10:13, екипата на Вардар Јуниор со серија од 4:0 го вратат резултатот и поведуваат со 14:13. Сепак кратко траеше нашето водство, кога гостинската екипа врати на ист начин и поведе со 14:17. Оваа позитива ја одржаа до крајот на првите 30 минути, кога резултатот на семафорот гласеше 17:20.
По пет минути игра во второто полувреме, Вардар се враќа кога успева да донесе ново израмнување на 22:22. Следиме период кога двете екипи играат гол за гол, се до резултат 25:25 кога избраниците на Манасков постигнаа два последователни голови и поведоа со 27:25. Не успеавме да го скршиме отпорот на противникот, кој со серија од 1:3 го израмни резултатот на 28:28. Во финишот на мечот се влезе со игра гол за гол, а посреќен беше тимот на Пролет, кој слави со конечен резултат од 32:33.
Вардар Јуниор: Василевски, Игнов 2, Стојчевски, Антевски 6, Симевски 2, Хаџидимовски 7, Нанов 1, Јакимовски 3, Јаховиќ 7, Чупетрески 1, Талески, Динев, Чакалиќ, Стојановски, Илиевски 3, Камчев.