Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар заборави да победува, нов пораз на “црвено – црните”, сега виси и втората позиција
Вардар заборави да победува, нов пораз на “црвено – црните”, сега виси и втората позиција

Вардар заборави да победува, нов пораз на “црвено – црните”, сега виси и втората позиција

Тимот на Вардар повторно не успеа да победи. Овој пат денеска во Струмица “црвено – црните” беа поразени од тимот на ФК Победа со резултат 2:0 (1:0). По ова коло, Вардар има само четири бодови предност на втората позиција пред Силекс.

Првиот дел, како и многу минати на Вардар помина очајно, без многу креација во играта и створени шанси пред голот на противникот. Исто така и одбраната веќе не е на ниво, па така и денеска во првиот дел Вардар прими гол. Стрелец на голот во првиот дел за Победа беше екс играчот на Вардар, Благоја Гешоски. Во првиот дел кај Вардар за одбележување беше само една сериозна шанса на Барсегјан  во 22. минута која ја одбрани искусниот Тофилоски.

Во вториот дел продолжи очајната игра на Вардар, па така веќе во 54. минута Победа со гол на Даноски зголеми веќе на убедливи за неговиот тим 2:0. По овој втор гол, Вардар тргна со сите сили барем по почесен погодок, но ниту тоа не му успеваше. Тофилоски беше одличен, а исто така и нашиот голман Алексовски во вториот дел имаше неколку добри одбрани и спречи дури разочарувачки 3:0 за домаќинот. Со резултат 2:0 заврши денешниот дуел. Ова е многу важен триумф за Победа во борбата за опстанокот во ПМФЛ.

Фото: Кочо Сотировски