На првиот 1/4-финален дуел во Германија во натпревар со драматичен финиш Кил беше поразен од нашиот РК Вардар со минимални 28-29. Тоа е голема предност пред неделниот реванш, и чекор поблизу до Ф4, сепак на сите им е јасно дека работата не е завршена. Билетите се распородадени па во “Јане Сандански“ германците ги очекува пекол. Играчот на “зебрите“, хрватиот Домагој Дувњак веќе еднаш беше елиминиран како играч на Хамбург во елитната лига од вардарци. Тој е свесен за тежината на реваншот кои ги очекува и вели:
После еден ваков несреќен пораз е нормално да се биде разочаран, а од друга страна ни е јасно дека дури и со пет гола предност ќе ни беше пеколно тешко во Скопје. Гостувано имам во тој град и знам каква атмосфера се прави во салата, предизвикот е огромен, сепак ние сигурно нема да се предадеме. Има уште 60 минути за игра, ќе видиме што ќе се случи до крајот- вели Дувњак.