Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор домаќин на ЖРК Куманово

Вардар Јуниор домаќин на ЖРК Куманово

Младата женска ракометна екипа на Вардар Јуниор викеднов ја очекува натпревар од  женската Супер лига. Девојките на Симе Симовски во овој натпревар се домаќини, тие ќе ја нагостат екипата на ЖРК Куманово од истоимениот град.

Дуелот со кумановки на програмата е во сабота, 28.април, истиот ќе се игра во Спортскиот центар “Кале“ со почеток во  12 часот и 30 минути. Со евентуална победа во овој натпревар  би ги минале нашите ривали  на табелата, тие досега имаат 43 бода, а ние бод помалку 42 и повторно би се вмешале во битката за вице-шампионската позиција во единствената женска ракометна конкуренција во земјава.

Следен предизвик за црвено-црните дами по овој дуел ние гостувањето во Прилеп кај екипата на ЖРК Деспина.