Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар, Нант, Монпелје и ПСЖ се поблиску до пласман на завршниот турнир во Келн
Вардар, Нант, Монпелје и ПСЖ се поблиску до пласман на завршниот турнир во Келн

Вардар, Нант, Монпелје и ПСЖ се поблиску до пласман на завршниот турнир во Келн

Претстојниов викенд ќе се одиграат реванш натпреварите од четвртфиналето на Лигата на Шампионите. Поблиску до пласман на завршниот турнир се екипите на Вардар, Монпелје, Нант и ПСЖ.

Вардар со еден гол предност ќе го започне реваншот против екипата на Кил и со големи шанси по втор пат да се најде на завршниот турнир во Келн. Историјата покажува дека ни “лежат“ германските екипи и дека Вардар има успеси со тимови од најсилната бундеслига во последните неколку години. Избраниците на Гонзалез како дел од најсилната група А, на мечевите одиграни во С.Ц. Јане Сандански имаа шест победи и само еден нерешен резултат и тоа на последниот дуел против Висла Плок, дуел кој немаше резултатско значење за нашиот конечен пласман на табелата. Од друга страна, Кил важи за тим кој игра подеднакво добро и на домашен и гостински терен, така да ништо уште не е решено на овој дуел. Секако предноста е на страна на црвено-црните и поради предноста од првиот меч и поради играњето на реваншот пред своите навивачи, но пак Кил е екипа која не можеш да ја отпишеш никогаш и која игра максимално мотивирано и со верба до последната минута.

vardarfans-video

Екипата на Монпелје е на прагот да направи уште една сензација, откако претходно во осминафиналето ја елиминираа екипата на Барселона. Французите имаат ако може да се каже поволен резултат од првиот дуел одигран во Германија, против екипата на Фленсбург, против кој одиграа со нерешен резултат 28:28. Интересно е тоа што тимот на Монпелје оваа сезона има само еден и единствен пораз на мечевите кои ги играше пред својата публика, во рамките на послабата група од ЛШ и тоа во период кога веќе го имаа обезбедено првото место во групата, кое носеше пласман во следната елиминациска рунда. Само Бешикташ беше екипата која успеа да замине од Монпелје со цел “плен“ и да ги освои бодовите. Шансите и на Монпелје и Фленсбург се подеднакви за пласман на завршниот турнир, но главниот адут на французите е домашниот терен и публиката, пред кои не знаат за пораз оваа сезона.

Нант е многу блиску до пласман на Ф4, после триумфот во првиот дуел против екипата на Скјерн од Данска, откако сллавеа со шест голови разлика (33:27). Не треба да се заборави дека тимот на Скјерн го направи најголемото изненадување во осминафиналето, со елиминацијата на Веспрем, екипа која важеше за фаворит, не само за пласман на Ф4, туку и за освојување на Европската титула. Нант покажа оваа сезона дека знае да одигра подеднакво добро и на гостински терен и да издвојува победи, против многу потешки противници, но Скјерн може да се пофали со податокот дека оваа сезона ги победи сите противници во својата арена, па дури и Веспрем со седум голови позитива. Како што напоменавме, данците ги собија сите мечеви пред својата публика, во рамките на послабата група, некои од нив на крајот беа изразени и со двоцифрена разлика. Нант е со поголеми шанси да излезе како севкупен победник во овој четвртфинален двомеч, но кога Скјерн игра на домашен терен нема невозможна мисија за овој тим, кој е најголемото изненадување меѓу осумте екипи кои се борат за пласман во Келн.

Со една нога во полуфиналето е и екипата на ПСЖ, која можеби е најблиску од сите споменати, до завршниот турнир во Келн. Ибраниците на Сердарушиќ демонстрираа сила, моќ и квалитет на првиот дуел одигран на гостински терен против екипата на Киелце, која ја совладаа со резултат 28:34. Шампионот на Полска ќе има тешка и невозможна мислија на реваншот во Франција да ја анулираат оваа негатива, а за тоа да се случи ќе треба играчите на Киелце да го одиграат најдобриот меч во своите кариери да за да го “срушат“ силниот и богат тим на ПСЖ. Оставаме сепак простор за изненадување, дека можеме да гледаме возбудлив натпревар и неизвесност околу патникот за Келн и на овој реванш дуел од четвртфиналето во ЛШ.