Вардар и Академија Пандев одиграа без победник, во дербито на младинската фудбалска лига. На теренот на Академијата двете екипи одиграа со нерешен резултат 1:1.
Тренерот Раденко Бојовиќ стартуваше со следниве 11-сетмина: М.Велковски, Серафимов, Дишлиевски, Наумчески, Тасев, Ѓорѓиески, Адем, Абдулхади, Бериша, Д.Велковски, Колевски.
До средината на првото полувреме видовме два удари за екипата на Академија Пандев, од кои еден заврши покрај голот, додека другиот го одбрани Методија Велковски. Првиот директен удар за црвено-црните го имаше Бојан Колевски кој бие за малку покрај голот на струмичани. Истиов играч успеа да ни донесе водство од 1:0 и да го отвори резултатот, по асистенција на Бериша, а Абдулхади беше реализатор за предност на Вардар. До крајот на првиот дел имавме уште две зрели шанси за зголемување на резултатот. Повторно Колевски во центарот на вниманието, напаѓачот на црвено-црните биеше за малку покрај голот на А.Пандев. Веднаш после него голема прилика и за Али Адем, кој шутира од десеттина метри, но со одлична интервенција спаси противничкиот чувар на мрежата и поранешен член на Вардар, Давид Денковски. До истекот на првите 45 минути за одбележување е ударот уште на Колевски, кој заврши во рацете на голманот. По првото полувреме резултатот е 1:0.
На стартот на вториот дел беше направена првата измена во редовите на Вардар. Во игра е Џуклески, кој го замени Велковски, кој поради повреда не беше во состојба да го продолжи мечот. Падна темпото на игра во второто полувреме, а гостинскатаа екипа успева да го израмни резултатот на 1:1. Немаше некоја поголема закана кон двата гола до крајот на натпреварот. Имаше обид Дишлиевски, кој заврши покрај голот , како и Колевски кој со глава биеше покрај голот. Во игра влезе и Благојевиќ, на местото на Абдулхади. До крајот без возбудувања, па натпреварот заврши со поделба на бодовите (1:1).