Првиот од двата меча кои најверојатно ќе бидат клучни и ќе го дадат новиот шампион на Македонија, помеѓу екипите на РК Вардар и Металург ќе се одигра во петок. Црвено-црните ќе бидат домаќини во С.Ц. Јане Сандански, овој меч доби нов вечерен термин и ќе се игра во 20-30 часот, дојде до измена од првичниот план кога македонското дерби беше најавено дека ќе започне од 16:00 часот.
Причината за измената е поради ТВ преносот на TB Телма. Сезонава ова е трет дуел помеѓу најдобрите македонски ракометни машки тимови, во првите два натпревари во регионалната лига црвено-црните дојдоа до “цел плен“.