Денес на терените на ФК Работнички, своето коло од детската лига го одигра генерацијата на ФК Вардар родени “2009“ година. Избраниците на Златко Таневски одиграа два натпревари и забележаа исто толку победи во дуелите со Кул
Најпрво Вардар (2) се сретна со екипата на Кул (1) која ја совлада со резултат 3:2. Прва голема прилика имаше Андреј Гудов кој ја погоди стативата од голот на Кул. Истиов играч сепак успеа да го отвори резултатот и да му донесе водство на Вардар од 1:0. Врати противничката екипа, кога еден од нивните играчи ја погоди пречката. До крајот на првото полувреме за одбележување е обидот на Колевски кој заврши покрај голот, како пречката на Кул од слободен удар. По првите 20 минути резултатот беше 1:0 за Вардар.
На стартот на второто полувреме и тоа многу бргу за три минути постигнавме два гола и го зголемивме резултатот. Најпрво за 2:0 погоди Даниел Колевски, додека предноста на 3:0 ја зголеми Максим Павловски. До крајот на дуелот, успеа Кул да воспостави резултатска неизвесност, најпрво со својот прв гол денес намали на 3:1. Мора да напоменеме дека нашиот голман, Лазаревски одбрани неколку удари на Кул(1). Имавме можност предвреме да го решиме победникот, кога Стојковски и Колевски шутираа, но голманот на Кул ги спречи нивните обиди. Во последната минута од мечот втор гол за Кул, за да намали на 3:2, што беше и конечен резултат на крајот од овој дуел.
На вториот меч се сретнаа екипите на Вардар (1) и Кул (2). И тука однесовме триумф со резултат со идентичен резултат од 3:2. Првите два гола на дуелот ги постигна Димитар Ацевски кој му донесе водство на Вардар од 2:0. До крајот на првиот дел противникот успеа да постигне гол и да го намали резултатот на 2:1. Во вториот дел најпрво следеше израмнување на 2:2, додека Димитар Ацевски со хет-трик повторно му го врати водството на Вардар од 3:2, со што беше и конечен резултат на крајот од овој натпревар.
Две победи за младите надежи на Златко Таневски, кои денес покажаа голема борбеност и желба за победа.