Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Младинците на ФК Вардар го победија Шкупи, кадетите одиграа без голови
Младинците на ФК Вардар го победија Шкупи, кадетите одиграа без голови

Младинците на ФК Вардар го победија Шкупи, кадетите одиграа без голови

Кадетите и младинците на ФК Вардар денес го одиграа 23 коло во првенството. Противник ни беше екипата на Шкупи, дуели на кои забележавме една победа и нерешен резултат. Мечевите се одиграа на теренот во Драчево.

Кадетите на Вардар и Шкупи одиграа со почетниот резултат, без голови до крајот на натпреварот 0:0. Иако и двете екипи имаа прилики, на крајот дуелот заврши со поделба на бодовите.

Вардар: Тимевски, Радевски, Пешевски, Ѓурковски, Ибиши, Димоски, Омерагиќ, Јусуф, Митревски, Димов Петковски 

Младинците пак се вратија на победите и триумфираа минимално со 1:0 со голот на Јахја Абудлхади. Погокот беше постигнат во првото полувреме. На 20 минути пред крајот на мечот црвен картон во нашите редови заработи Јакуп Бериша.

Вардар: Велковски, Антовски, Наумчески, Џуклески, Ѓорѓиески, Адем, Маркоски, Дишлиевски, Јахја, Велковски, Бериша.