Денеска се одигра последно коло во генерацијата 2008 година и помали кои играат во мешани тимови во рамките на Вардаровата јуниор лига. Во оваа генерација играат момчиња и девојки на половина терен, 4+1. Како што е познато, кај нив нема табели и пласмани, играат само да ја усовршат ракометната техника. По крајот на последниот меч младите надежи добија медали за учеството во Јуниор лигата. Истите ги доделија одговорната за овој проект Марија Папуџиева и Индира Кастратовиќ, кординатор во Академијата на Вардар.
Фото: