Генерацијата на ФК Вардар родени “2004“ година успеаа да стигнат до нова победа во рамките на регионалната-скопска лига и на три кола пред крајот на сезоната се промовираат во шампиони, како дебитанти во ова натпреварување.
Вардар: Ангелов, Љушев, Анчевски, Милошевски, Јаневски, Серафимов, Павлески, Стоимов, Каровски, Гуџуфи, Левент.
Денес на теренот во Ѓорче, избраниците на Игор Кралевски беа убедливи во дуелот со екипата на Њу Старс, која ја совладаа со резултат од 5:0. По првиот дел имавме водство од 1:0, а стрелец на голот беше Бесар Гуџуфи. Во вториот дел следеа два нови погодоци за Бесар Гуџуфи, кој постигна хет-трик на овој дуел. Најпрво во 49 минута зголемивме на 2:0, за десет минути подоцна преку истиов играч да го зголемиме водството и на 3:0. До крајот на натпреварот постигнавме уште два нови голови. Најпрво во 70 минута на 4:0 зголеми Теодор Перковски, за конечните 5:0 да бидат дело на Никола Павлески.
На четири кола пред крајот, екипата на Вардар успеа да се промовира во нов шампион на регионалната-скопска лига.