Вардар победи во тежок дуел со екипата на полска Висла, овој меч беше тесен и неизвесен во текот на сите шеесет минути. Црвено-црните за овој меч добиа три презнанија во изборот на ЕХФ ТВ, односно има по еден член на РК Вардар во сите три избора за најдобрите во оваа осминфинална реванш рунда. Штербик има најдобра одбрана за оваа рунда ... Read More »
Прв Тим
(Видео) Тоскиќ се најде во идеалната постава на Л.Ш во реванш рундата од 1/8-финалето
На мечот со Висла Плоцк во Скопје во нашите редови најрасположени за играа беа Арпад Штербик и Алем Тоскиќ. Нашиот кружен напаѓач беше незадржлив за противниците тој се обиде осум пати и постигна исто толку погодоци во противничката мрежа. Покрај тоа над него се направиа неколку пенали, а одличен беше и во дефанзивните задачи зададени од шефот на стручниот штаб ... Read More »
(Видео) Штербик ја има најдобрата одбрана оваа рунда според ЕХФ ТВ
Нема што многу да се збори за вонсерискиот квалитет на нашиот голман Арпад Штербик, тој деценија и нешто е најдобриот голман на планатата. Истиот редовно впишува двоцифрен број одбрани зад своето име и секогаш е столб околу кој се гради одбраната на Вардар. Тој во мечот со полска Висла Плоцк имаше серија одлични интервенции, нареди повеќе од 15 одбрани, но ... Read More »
(ВИДЕО) Како Диви го “запали“ Јане Сандански
Многу пати Петар Ангелов знаел како да ја дигне публиката на нозе и да го мотивира својот тим да игра подобро. Токму на ваква ситуација бевме сведоци на реанш натпреварот со екипата на Висла Плоцк. Во моментите кога на Вардар не му одеше најдобро во играта, и кога бевме во негатива на сцена стапи популарниот “Диви“. Дали тој беше најзаслужниот ... Read More »
(ВИДЕО) Штербик со одбрана на животот
Кога имате голман како Штербик на својот гол не треба да стравувате за конечниот исход. По којзнае кој пат откако го носи црвено-црниот дрес, Штербик успева да донесе победа за Вардар. Овој пат многу важна, која ни донесе пласман во најдобрите осум екипи во Европа. Кога беше најпотребно “октоподот“ Арпад му фати зицер топка на Српскиот репрезентативец и член на ... Read More »
Познати се сите четвртфинални двојки во лигата на шампиони, Вардар против Веспрем до Келн
Вечерва се одиграа останатите два натпревари во најголемото ракометно натпреварување, по што се познати сите осум екипи кои обезбедија пласман во четвртфиналето. Екипата на Загреб која ја предводи Веселин Вујовиќ го направи најголемото изненадување, откако успеа на гостински терен да ја анулира негативата од еден погодок од првиот меч и да пласира во следната рунда. Хрватскиот шампион се надмина себеси ... Read More »
(ВИДЕО) СЕХА: Дибиров, Циндриќ и Шишкарев во топ-10 гола на сезоната
Црвено-црните имаат тројца ракометари помеѓу изборот за десетте најатрактивни гола оваа сезона во СЕХА регионалната лигата. Нашите Тимур Дибиров, Данил Шишкарев и Лука Циндриќ се најдоа во овој избор. Во продолжение погледнете го видеото: Read More »
Видео од заедничката прослава на Комити и ракометарите по победата над Висла
Вчера црвено-црниот ракометен машки колектив се пласираше во најдобрите осум во ЕХФ Лигата на шампионите по победата над Висла во “инфаркт меч“. По завршувањето на средбата голема беше радоста на нашите јунаци кој прославиа бурно помеѓу себе и со публиката. Со навивачите на црвено-црните Комити изведоа посебен перформанс кога седнаа на подот во “Јане Сандански“ и заедно ја изведоа познатата Шампионе, ... Read More »
Веспрем стои на патот до историја
Трета година по ред РК Вардар е на само еден чекор до испишување на нова страна во историјата на РК Вардар. Минатите две години Вардарци за малку не успеаа да се пласираат на толку посакуваниот Ф-4 турнир. Пред две години бевме толку блиску, но сепак немавме среќа да се пласираме меѓу четирите најдобри, Минатата година на патот застана полскиот тим ... Read More »
Фотогалерија од “инфаркт“ победата на црвено-црните со Висла
Фотогалерија од вечерашниот меч во 1/-8 финалето од ЕХФ Лигата на шампионите помеѓу Вардар и полска Висла Плоцк. Мечот изобилуваше со многу израмнувања, цврсти дуели, исклучување, црвени картони, одлично навивање. Црвено-црните во “рововски“ битка успеаа со еден гол предност да минат во следниот круг. Погледнете ги фотографиите од денешниот меч: Read More »