Средниот бек на Вардар Андреа Лекиќ, се враќа во репрезентацијата на Србија. Нашата ракометарка се најде на новиот список на селекторот на Србија Обрадовиќ. Покрај Лекиќ, на списокот се најдоа и екс-вардарките Сања Дамњановиќ и Марија Лојпур. Овие искусни ракометарки ќе бидат дел од двомечот со Италија, на 10 јуни во Падова и на 14 јуни во Ниш. Read More »
Прв тим
Среќен роденден Дамњановиќ
Денеска “довчерашниот“ наш играч од редовите на ЖРК Вардар, средниот бек Сања Дамњановиќ го прославува својот 30. роденден. Вардар фанс и го честита 30 роденден на Сања, и посакува уште многу успех во новата средина и искажуваме благодарност за се што одигра во Вардар во нејзиниот настап овде. Среќен роденден Дамњановиќ! Read More »
Осум Вардарки во репрезентацијата на Македонија, за баражот против Шведска, за пласман на СП
Македонската женска ракометна репрезентација ја очекуваат натпревари против Шведска, во рамките на баражот за пласман на светското првенство, кое оваа година ќе се одигра во Германија. Селекторот и тренер на Вардар СЦЈС, Симе Симовски го објави списокот на ракометарки, на кои може да смета за двомечот против Шведска. На него се најдоа осум играчи од ракометниот клуб Вардар, седум од ... Read More »
(Фотогалерија) ! ЖРК Вардар стигна до нова првенствена титула
Екипата ЖРК Вардар ја одбрани првенствената титула, која е вкупно петта во историјата на клубот. Тие во финалниот меч го победија сестринскиот тим на Вардар СЦЈС и на тој стигнаа до вториот трофеј оваа сезона. Погледнете ја фотогалеријата од финалниот натпревар. Read More »
Керамичиева ќе тресе за ЖРК Вардар!
Младата и перспективна ракометарка на Вардар СЦЈС, Теодора Керамичиева од следната сезона со сигурност ќе биде дел од првиот тим на Вардар. Керамичиева заслужи да добие договор од првиот тим, веќе две години нашата млада ракометарка настапува одлично во вториот тим, но и во сениорската репрезентација на Македонија. Керамичиева оваа сезона има искуство со играњето во Челинџ купот, каде постигна вкупно 25 ... Read More »
(ФОТО) Од Вардар за жал заминуваат шест ракометарки
Дојде и крајот на оваа сезона во женската лига. По оваа сезона за жал од редовите на Вардар заминуваат шест ракометарки. Сите имаа голем придонес до оваа двојна круна и во настапите во ЛШ. За жал од Скопје без златен медал од ЛШ заминуваат: Мајса Песоа, Дијана Илина, Сања Дамњановиќ, Ања Алтхаус, Камила Херем и Тамара Мавсар. Среќно понатаму! Read More »
(Фотогалерија) Девојките од Вардар “крунисани“ по освојувањето на титулата
ЖРК Вардар дојде до својата петта последователна титула во домашната лига, откако денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански ја победија “сестринската“ екипа на Вардар СЦЈС. Повозрасните девојки лесно се справија со помладите колешки и триумфира со конечен резултат 54:24. По крајот на натпреварот им беа доделени медалите и големиот пехар за Шампион на Македонија. Read More »
Вардар го победи “сестринскиот’ Вардар СЦЈС и стигна до петтата првенствена титула
Вардарки стигнаа до својата петта последователна титула во домашната лига, откако денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански ја победија “сестринската“ екипа на Вардар СЦЈС. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 54:24. Екипата на Вардар го отвори натпреварот со водство од 3:0. за младиот состав на Вардар СЦЈС првиот гол да го постигне во четвртата минута преку крилото, Марија ... Read More »
Вардар и Вардар СЦЈС ќе играат за титулата
Во женскиот ракомет оваа сезона доминира само екипата на Вардар. Вчера во полуфиналните натпревари и двете екипи на Вардар славеа победи над своите ривали, па така во денешното финале за титулата ќе се борат сестринските екипи на Вардар и Вардар СЦЈС. Овој натпревар ќе биде одигран попладнево со почеток во 15 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански” во Скопје. ... Read More »
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Вардар го победи Куманово и се пласираше во финалето на супер лигата
Екипата на ЖРК Вардар лесно го помина Куманово во полуфиналето од плејофот на супер лигата (54:19). Денес во финалето ќе игра со “сестринскиот“ тим на Вардар СЦЈС, кое ќе го даде шампионот на Македонија. Погледнете ја фотогалеријата од триумфот со Куманово. Read More »