Вардарки стигнаа до својата петта последователна титула во домашната лига, откако денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански ја победија “сестринската“ екипа на Вардар СЦЈС. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 54:24.
Екипата на Вардар го отвори натпреварот со водство од 3:0. за младиот состав на Вардар СЦЈС првиот гол да го постигне во четвртата минута преку крилото, Марија Прленда. До средината на првото полувреме, избраничките на Симовски пружаа отпор, кога имаа само два гола негатива. Во 7 минута за прв пат, Вардар имаше водство од четири голови разлика (6:2), но Вардар СЦЈС предводени од Прленеда во 10 минута намалуваат на само еден гол разлика (6:5). Сепак Вардар не пропушташе ништо на случајноста , па со два погодоци во серија зголеми на 8:5, за потоа да има и водство од 10:6. Последната резултатска неизвесност беше при резултат 10:8 во 15 минута од дуелот.
При резултат 12:9, избраничките на Дибирова прават серија од 5:0, за највисоки 17:19. Како се ближеше првото полувреме предноста се повеќе растеше, за истата да биде двоцифрена (20:10) во 28 минута од натпреварот. До истекот на првите 30 минута, со нова серија од 3:1, на одмор Вардар замина со водство од 24:11.
Вториот дел започна со гол на Андреа Човиќ за зголемување на 25:11. Се беше рутина за Вардар во второто полувреме, кој само ја зголемуваше предноста. Во 39 минута резултатот беше 30:15 со голот на Кликовац, за во 44 минута да имаат и водство од 37:17. Шанса во второто полувреме, во екипата на Вардар СЦЈС добија младите Божиноска, Николовска и Мицевска. Божиноска се запиша во листата на стрелци, додека Мицевска имаше три одбрани на голот. На шест минути пред крај имавме активен резултат од 48:21. Конечниот резултат беше 54:24. Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Ристовска со 10гола , Лакрабер постигна 8, а Хмирова заврши со 7 гола. Кај младите вардарки Божиноска и Прленда имаа по 4 голови.
Ова беше петти последователен трофеј за екипата на Вардар во домашното првенство и на тој начин и оваа сезона ја одбрани домашната круна.