Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прв тим (page 170)

Прв тим

ЖРК Вардар со предност ќе го започне реваншот во Скопје, многу сме блиску до нов завршен турнир во Будимпешта

Екипата на ЖРК Вардар обезбеди предност во рамките на првиот дуел од четвртфиналето во ЛШ. Црвено-црните со триумф се враќаат од гостувањето во Данска, кои славеа со резултат  26:28. Првите два гола за Вардар беа дело на Андреа Пенезиќ која носи водство на Вардар од 1:2, за во шестата минута со два гола во серија, Митјиланд да има прво водство ... Read More »

Познат составот кој ќе се спротивстави на Митјиланд

Вардарки денес го играат првиот натпревар од четвртфиналето во лигата на шампионите. Со почеток од 17 часот тие ќе гостуваат на екипата на Митјиланд. Победникот од овој двомеч ќе обезбеди пласман на завршниот турнир во Будимпешта и ќе ја има можноста да се бори за Европската титула. Стручниот штаб на вардарки  го објави составот кој денес ќе се спротивстави на ... Read More »

Започнува борбата за нов завршен турнир, првата битка Вардарки ја започнуваат на гостински терен против Митјиланд

Денес со почеток од 17 часот екипата на ЖРК Вардар ќе го одигра првиот четвртфинален натпревар во лигата на шампионите. Црвено-црните ќе гостуваат во Данска, на екипата на Митјиланд. Противник со кој имавме можност да играме претходниве три сезони. Првото соочување на овие две екипи беше во сезоната 2013/14 и тоа во втората групна фаза, кога по една победа им ... Read More »

Познати термините за завршниот турнир во регионалната лига, чиј домаќин ќе биде екипата на ЖРК Вардар

Веќе се познати термините за последниот завршен турнир во женската регионална лига. Домаќин на истиот ќе биде екипата на Вардар и спортскиот центар Јане Сандански. На него покрај црвено-црните ќе настапат и екипите на Подравка, Будуќност и Крим. Претходните три турнири се одржаа во Подгорица, Копривница и Љубљана. Во полуфиналето Вардар за противник ќе ја има екипите на Подравка, додека ... Read More »

Вардарки без Лекиќ во Данска

Андреа Лекиќ нема да може да им помогне на своите соиграчки на неделниот натпревар против Митјиланд во рамките на 1/4 финалето во Лигата на шампионите. Средниот бек на Вардар се рехабилитира од оперативниот зафат кој беше успешно направен врз неа. Иако Лекиќ започна со полесни тренинзи, сепак со сигурност ќе го пропушти неделниот натпревар во Данска. Се стравува дека и на ... Read More »

Одредена судиската двојка за мечот во Данска

ЕХФ ја одреди судиската двојка која ќе ја дели правдата на мечот во рамките на 1/4 финалето во ракометната Лига на шампиони. На натпреварот во Данска на кој се среќаваат Митјиланд и Вардар, ќе суди судиска двојка од Унгарија. Станува збор за Петер Хорват и Балаз Мартон. Се надеваме на добро завршена работа на оваа искусна судиска двојка која има судено ... Read More »

Ракометарки на Вардар номинирани во изборот за најдобриот тим во ЛШ

vardarfans zrk vardar

И оваа сезона ,ЕХФ врши избор на најдобриот тим во женската лига на шампиони. Вкупно шест ракометарки се номинирани во изборот за Олстар тимот во најголемото ракометно натпреварување. Во изборот за најдобар голман се најде Амандин Лејно. Андреа Лекиќ конкурира за позицијата среден бек, левото крило на Вардар и Норвешката репрезентација, Камила Херем е номинирана во изборот на оваа позиција. ... Read More »

Тамара Мавсар од следната сезона го напушта Скопје и се враќа во Крим Меркатор

Словенската репрезентивка, Тамара Мавсар на крајот од сезоната си заминува од Вардар и се враќа во Крим Меркатор, екипата од каде дојде во Скопје. Иако нејзиниот првичен договор беше на две сезони, клубот и Тамара решија предвремено да го раскинат, по желба на Мавсар да се врати во својата татковина и екипата каде ја започна, а најверојатно и ќе ја ... Read More »

Висока и убедлива победа на ЖРК Вардар против Подравка

Ракометарките на Вардар ја остварија и четвртата победа во регионалната ВРХЛ лига, вечерва нашите девојки беа подобри и од хрватскиот тим на Подравка со убедливи 35:18 (19:10). Вардарки на овој турнир забележаа две победи од исто толку натпревари. Уште од самиот старт на натпреварот Вардар покажа дека и на овој натпревар е за неколку класи подобар тим од хрватскиот претставник. По ... Read More »

ЖРК Вардар го победи Крим на третиот турнир во регионалната лига, утре играме против Подравка

Екипата на ЖРК Вардар започна со победа на третиот турнир во регионалната лига, откако вечерва беа подобри на првиот натпревар од екипата на Крим. Истиот се игра во Љубљана, а домаќин е токму екипата на Крим. Црвено-црните имаа контрола на резултатот во текот на целиот натпревар и на крајот сосема заслужено стигнаа до победата. Бевме ослабени за неиграњето на двата ... Read More »