Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (Видео) Вардар и Силекс ги поделија бодовите во последното есенско коло
(Видео) Вардар и Силекс ги поделија бодовите во последното есенско коло

(Видео) Вардар и Силекс ги поделија бодовите во последното есенско коло

Екипата на ФК Вардар не успеа со победа да го заврши есенскиот дел од сезоната, играјќи само со нерешен резултат (1:1) во дуелот со екипата на Силекс. Овој натпревар се одигра на арената “Филип Втори“ и заврши со поделба на бодовите. Гостите од Кратово уште во втората минута го отворија резултатот со погодокот на Филиповски за водство од 0:1. Во 30 минута следи ремек дело на Фелипе кој од слободен удар од некаде 25 метри го матира противничкиот чувар на мрежата за израмнување на резултатот. Вардарци до крајот на натпреварот  имаа уште неколку шанси, кои останаа без реализација. На крајот моравме да се задоволиме со само еден освоен бод од овој натпревар, на кој бевме големи фаворити.