Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Македонската женска репрезентација направи “сензација“ и успеа да се пласира во баражот за пласман на СП
Македонската женска репрезентација направи “сензација“ и успеа да се пласира во баражот за пласман на СП

Македонската женска репрезентација направи “сензација“ и успеа да се пласира во баражот за пласман на СП

Македонската ракометна репрезентација успеа да се пласира во баражот за пласман на светското првенство кое во 2017 година ќе се одигра во Германија. Избраничките на Симе Симовски на вчерашниот натпревар се надминаа себеси и успеаа да слават убедливо против репрезентацијата на Исланд.

По поразот од Австрија нашите девојки беа решени да го прикажат најдоброто од себе и да пружат максиум, што на крај им донесе резултат. Уште по 10 минути игра, Македонија успеа да поведе со пет голови разлика (8:3) и да најави дека ќе оди по “чудо“ на овој меч. Во нападот ги имавме расположените Керамичиева, Ѓорѓијевска и Ристовска кои најчесто погодуваа во овој дел од мечот. Благодарение на стекнатото водство на стартот, Македонија успева на полувреме да замине со позитива од четири голови (15:11). Ракометарките на Вардар, Сара Ристовска и Теодора Керамитчиева беа најдобри поединци по првите 30 минути, Сара постигна 6 додека Теодора беше стрелец на 4 погодоци.

На Македонија и беше потребен триумф изразен со повеќе од 7 голови разлика. Тоа им беше јасно и на избраничките на Симовски кои тргнаа фуриозно и во вториот дел. Во 40 минута поведуваме со пет гола предност и не дозволуваме Исланд да се доближи резултатски. Добрата игра на нашата репрезентација ја круниса Саздовска која постигнува гол за највисоки 26:18, резултат кој не водеше во баражот. Сепак Исланд успева со два последователни погодоци да намали на 26:20. Остана напад за Македонија, по што тренерот Симовски се одлучи да побара тајмаут. Во последните речиси секунди Ѓорѓијевска упати силен удар, кој завршува во мрежата на Исланд за конечни 27:20 и голема радост на Македонија.

Сара Ристовска беше најдобар стрелец со 10 погодоци, додека 5 постигна Керамитчиева. Со оваа победа успеавме да се пласираме во баражот за пласман на СП, а противникот ќе го добиеме по завршување на ЕП кое од вчера стартуваше во Шведска. Противник ќе биде токму некоја од селекциите кои играат на овој мундијал.