Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Киелце е освојувач на Лигата на шампионите, а на домашен терен секогаш игра одлично
Гонзалес: Киелце е освојувач на Лигата на шампионите, а на домашен терен секогаш игра одлично

Гонзалес: Киелце е освојувач на Лигата на шампионите, а на домашен терен секогаш игра одлично

Вардарци ниту во третиот обид не успеаа да ја совладаат екипата на Киелце на гостински терен, иако повторно бевме блиску до триумф. Во најголем дел од натпреварот актуелниот европски шампион имаше водство, кое во еден момент достигна и до четири голови. Сепак во последните десет минути од мечот, благодарение на добрите одбрани на Милиќ, Вардар го израмни резултатот дури имаше и напад за предност. Сепак можеби не бевме доволно концентрирани во моментите кога требаше да го преземеме резултатот. Киелце повторно се одлепи на два гола разлика и на крајот славеше со резултат 27:24.

По завршување на натпреварот на прес-конференцијата своите впечатоци од мечот ги искажа тренерот Гонзалес кој го изјави следново:

-Киелце е освојувач на Лигата на шампионите, а на домашен терен секогаш игра одлично. Натпреваров беше одличен за гледачите бидејќи и двата тима одиграа цврсто и добро и во одбрана и во напад. Ние не почнавме добро, но игравме подобро и подобро. Во вториот дел нашиот голман Милиќ беше одличен и ние добивме шанса можеби да ги освоиме двата поена, но беше тешко, Кјелце беше одличен и во одбрана и во напад. Тоа е ракометот, добар меч, но ние загубивме.