Вечерва се одигра дерби натпреварот во група Б во ЕХФ Лигата на шампиони. Вардарци гостуваат во Полска кај актуелниот европски шампион екипата на Киелце. Мечот почна со минута молк за Бранко Дилберов раководител во СЦ Кале, нераздвоен дел од Вардар повеќе од две децении. Шампионот на Европа успеа на домашен терен да ни нанесе пораз со 27-24.
Домаќините отворија со гол за 1-0, ние веднаш ја вративме резултатската симетрија и изедначивме на 1-1. Влегуваме во негативна серија, домаќинот со серија 3-0 поведува со високи 4-1. Инспирирани од неколкуте одбрани на Арпад Штербик ние се враќаме во мечот и со серија 0-3 преку Душебаев изедначуваме на 4-4 во 9 минута. Килеце подобар во продолжение во 15 минута, влеговме со позитива за нив 8-6. По тајм-аут за нас успеавме преку Борозан да пробиме и погодуваме за 8-7. Успеваме на влезот од 20минута да влеземе со реми 9-9 резултат кој ги отвара сите опции за продолжението. Следува пад во нашата игра поради која домаќините се одлепуваат на 14-11 во 27 минута. Докрајот неефикасен дел од мечот само по еден гол на двете страни, заминавме на одмор со резултат 15-12.
Вториот дел го почнавме со исклучување за нас, одбранет пенал од страна на Џамбо и погодок наш со кој намаливме на 15-13. Повторно лош период за нас домачините прават серија од 3-1 и се одлепуваат на високи “четири плус“, 18-14. Домашните во продолжение искористувајќи го фактот што постојанано имаме исклучени играчи го одржуваат водството на плус четири, во 43 нинута резултатот беше 22-18. Милиќ-Џамбо вечерва беше одличен тоа ни донесе прилика и ја искористивме наваливме на 22-21 во 48 минута од дуелот. Минута потоа изедначивме на 22-22 преку Дибиров Тимур. Стреилен период во продолжение гледавме во 53 минута влеговме со негатива 23-22 и играч помалку. Во последните минути влеговме со лош резултат кој многу не ветуваше, 26-23. Намаливме на 26-24, и во последните две минути влеговме со играч повеќе. Не успеавме да направиме ништо повеќе до крајот, и бевме поразени 27-24. Милиќ најистакнат со 13 одбрани кај нас, Карачиќ и Душебаев постигнаа по 5 гола.