Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар Јуниор стигна до втората последователна победа, вкупно трета за составот на Петрушевски во супер лигата
РК Вардар Јуниор стигна до втората последователна победа, вкупно трета за составот на Петрушевски во супер лигата

РК Вардар Јуниор стигна до втората последователна победа, вкупно трета за составот на Петрушевски во супер лигата

Екипата на РК Вардар Јуниор стигна до својата трета победа во најсилната супер лига, откако денес беа подобри од екипата на Работнички. Овој дуел се одигра во С.Ц. Форца, каде Работнички беше домаќин.

Во првите 15 минути од натпреварот се играше гол за гол на двете страни и ниедна од екипите немаше поголема предност од еден гол. Првото посериозно водство го имаше тимот на Работнички, кога при нерешен резултат 7:7 успеа да постигне четири последователни голови и да поведе со 11:7. Избраниците на Стојан Петрушевски успеаа да ја преполоват негативата и да намалат на 14:12, но Работнички со нова серија од 3:0 стигнува до највисоки 17:12. Вардар го постигнува последниот гол на полувреме и на одмор се заминува со резултат 17:13.

Домашниот тим во второто полувреме го зголемуваше водството и во еден момент тоа беше изразено со резултат 20:14. До тој момент не одеа добро работите за нашиот тим, но следи демант од Вардарци кои успеваат да направат серија од 0:6 и да го израмнат резултатот на 20:20. Во следните пет минути се играше гол за гол, но црвено-црните го прават решавачкиот чекор кога постигнуваат три последователни голови и поведуваат со 22:25. Немаше време за Работнички да се врати во мечот, Вардар Јуниор на крајот славеше со резултат 24:28.

Мартин Поповски беше убедливо најефикасен кај Вардар со 11 голови. Божидар Симиќ постигна 5.