Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Вардар 2 се врати на победите во првата ракометна лига, совладан Спартак во претпоследното есенско коло
РК Вардар 2 се врати на победите во првата ракометна лига, совладан Спартак во претпоследното есенско коло

РК Вардар 2 се врати на победите во првата ракометна лига, совладан Спартак во претпоследното есенско коло

Екипата на РК Вардар 2 забележа победа во рамките на претпоследното коло во рамките на првата ракометна лига. Избраниците на Зоран Петковски славеа на гостувањето против Спартак со резултат 20:26. Натпреварот се одигра во спортската сала на ОУ “Круме Кепески“ во Кисела Вода.

Во најголем дел од првото полувреме се играше израмнето, иако мора да се напомене дека Спартак беше постојано во предност, но не поголема од два гола разлика. Црвено-црните многупати го израмнуваа резултатот и не дозволија Спартак да се одлепи резултатски. Сепак Вардар беше тимот кој по првото полувреме беше во минимално водство од 12:13.

Второто полувреме започна со гол за Вардарци, за прв пат на мечот да имаме два гола разлика. Спартак во второто полувреме немаше сили да парира на нашиот состав, во еден момент намали на 14:15 но тоа беше се што сторија на натпреварот. Следуваше серија на Вардар од 0:4 за да се одлепиме на 14:19. Ова беше клучниот период за конечниот победник. Смали домашниот тим на 18:21, но до крајот на натпреварот Вардар постигна повеќе голови, за конечни 20:26.

Капитенот Дамјан Трајковски беше најефикасен со 6 погодоци, додека Марко Мишевски додаде 5.

РК Вардар 2: Чакалиќ, Крстевски 1, Димковски 2, Мишевски 5, Трајковски 6, Димитров 4, Апостоловски, Гичев, Лазов 3, Стојов, Мицановски, Ѓоршоски 4, Брауновиќ, Стошиќ, Амзоски 1, Стојановски,

Во последното есенско коло на домашен терен ја пречекуваме екипита на Риниа.