Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се “лизна” и одигра само (1:1) против Силекс
Вардар се “лизна” и одигра само (1:1) против Силекс

Вардар се “лизна” и одигра само (1:1) против Силекс

Вардар повторно одигра слаб натпревар пред своите гледачи. Попладнево нашите играчи одиграа само 1:1 со тимот на Силекс. На крај на полусезоната, Вардар ќе замине со четири бодови предност пред Шкендија.

Натпреварот не започна добро за нашиот тим. Уште во 2 минута Силекс дојде до водство. Филиповски доби добра топка, и од 12-сетина метри стрелаше прецизно за 0:1 за Силекс. Потоа Вардар тргна во офанзива по изедначувачки погодок, шансите се редеа но немаше промена на резултатот. Конечно голот дојде во 30 минута од натпреварот. “Кралот” на слободните удари Фелипе со прецизен слободен од над 25 метри го матираше Вујанац за израмнување на 1:1. По крајот на првиот дел нашиот тим имаше уште неколку закани кон голот на Силекс, но резултатот остана 1:1. Вреди да се напомене дека во првиот дел Силекс одигра сосема солидно и беше многу опасен кон голот на Гачевски.

velkovskiВо вториот дел во 46 минута во игра влезе Љамчевски на местото на Грозданоски. Во 58 минута Седлоски ја направи и втората замена. На местото на Никола Глигоров во игра влезе Јасир Асани. Потоа во игра влезе и третиот адут на Седлоски, тоа беше Хамбарџумјан. Се до 76 минута речиси ништо не се случуваше позначајно на теренот, Вардар ја имаше топката во свој посед но не ствараше шанси за гол. Во 76 минута Брдаровски убаво продре по страна и додаде до Балотели, но овој играч биеше високо над голот од голот на Вујанац. И на овој натпревар Вардар се мачеше пред своите гледачи да постигне погодоци. Во 85 минута повторно се обиде Балотели, овој пат со глава, но и овој негов удар отиде над голот. Потоа во 89 минута се обиде и Асани со удар од далечина, но неговиот удар кој одеше по земја го одбрани Вујанац.