Денес на Кале се одигра еден натпревар кај генерација родени 2004/05 година во машка конкуренција. РК Илинден-Вардар забележа висока и лесна победа со противниците од Прилеп екипата на РК Филип-Вардар.
Интересно е што РК Филип Вардар први постигнаа гол за 1-0. Потоа тимот предводен од Дарко и Александра Јанев успеа да постигне дури 12 последователни голови за да има убедлива предност од 1:12. Инаку по првото полувреме резултатот беше 1:8. Во вториот дел при резултат 3:13, екипата од Илинден постигна шест нови гола, за на крајот да оствари победа од 3:19. Кај РК Илинден најефикасен беше Петар Колевски со 5 погодоци. Дамјан Анѓелески постигна 2 и Петар Шијакоски 1 кај Илинден.