Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јуниор лига: Две победи за РК Филип-Вардар во машка и женска конкуренција, кај генер. 2000/01
Јуниор лига: Две победи за РК Филип-Вардар во машка и женска конкуренција, кај генер. 2000/01

Јуниор лига: Две победи за РК Филип-Вардар во машка и женска конкуренција, кај генер. 2000/01

Денес во спортскиот рекреативен центар Кале продолжија натпреварите од петтото коло во ракометната “Јуниор“ лига. Први на програмата беа мечевите во машкиот и женскиот дел кај генерација родени 2000/01 година.

РК Филип Вардар под водство на Александар Таневски и Марјан Николоски продолжува со добрите игри во оваа лига. Тие утрово за противник ја имаа екипата на Опш.Кисела Вода која ја совладаа со резултат 12:18. Во првите десет минути од мечот тимот на Опш.Кисела Вода-Вардар успеа да се одлепи на 5:2, имаше водство и од 6:3, но до крајот на првиот дел РК Филип-Вардар целосно се врати во мечот и на полувреме се замина со нерешен резултат 7:7. Мора да се напомене дека гледавме интересен и квалитетен натпревар. Двете екипи имаа свои добри периоди на игра.

vardarfans-kisela-voda-vardar

На стартот на вториот дел Филип Вардар успева дури и да поведе со 7:8. На два пати резултатот беше израмнет на 8:8 и 9:9, по што екипата од Прилеп започна резултатски да се одлепува прави серија од три последователни голови и успева да стигне до највисоки 9:12. Оваа позитива ја одржуваа до последните седум минути, кога направија нова серија од 1:4 и на крајот стигнаа до убедлива победа од 12:18. Кисела Вода го имаше расположениот Филип Велковски кој постигна дури 7 погодоци, кои не беа доволни за поволен резултат. Кај РК Филип-Вардар се истакнаа неколку играчи. Сепак најефикасен беше Давид Алексоски со 4 голови, додека по 3 постигнаа Владимир Проданоски, Андреј Ѓероски, Михаил Свртинов и Џулијано Христоски.

vardarfans-junior-liga

Нова победа за ракометната школа Филип-Вардар во истава возрасна генерација, но овој пат во женскиот дел. Противник им беше екипата на РК Будимир која прва постигна гол на овој меч, но во следниот период РК Филип-Вардар постигна дури седум последователни голови за високо водство на стартот од 1:7. Оваа позитива РК Филип ја одржуваа до првото полувреме, кога на одмор се замина со резултат 6:12.

Доминација на РК Филип и во второто полувреме кое започна со нивни погодок за резултат 6:13. Во продолжение од натпреварот РК Будимир се обидуваше да ја намали разликата, тоа им успеа во еден момент кога постигнаа гол за резултат 10:15. Сепак квалитетот беше далеку на страната на Прилепчани кои во псоледните минути од мечот стигнаа и до двоцифрена предност од 13:23. РК Будимир го постигна последниот гол на мечот и намали на 14:23.

Емилија Јовеска го предводеше Филип Вардар до триумф постигнувајќи дури 12 голови. Сања Цветкоска беше нејзина поддршка со 6 голови. Кај РК Будимир се истакнаа Олгица Јованова со 6 и Ева Атанасова со 4 погодоци.

vardarfans-rk-budimir