Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лакрабер и Лејно стартуваа со победа на ЕП, Словенија на Мавсар и Лазовиќ загубија од Србија
Лакрабер и Лејно стартуваа со победа на ЕП, Словенија на Мавсар и Лазовиќ загубија од Србија

Лакрабер и Лејно стартуваа со победа на ЕП, Словенија на Мавсар и Лазовиќ загубија од Србија

Во текот на вчерашниот ден стартуваше Европското првенство за жени кое во наредниов период ќе се игра во Шведска. За нас интересни се репрезентациите каде настапуваат ракометарки на Вардар.

Селекцијата на Франција, за која настапуваат Лакрабер и Лејно на убедлив начин го отвори премиерниот настап на овој мундијал, со висока победа против Полска. Во текот на целиот натпревар “триколорите“ имаа предност, која ниту во еден момент не дозволија да биде загрозена. Уште од самиот старт го преземаа водството и најавија дека ќе ги освојат бодовите. Како одминуваше првото полувреме, разликата во корист на Франција растеше, па на полувреме заминаа со солидно водство од 15:9. Во вториот дел само по десет минути игра, Франција имаше и двоцифрена предност од 22:12, по што беше познат победникот уште на 20 минути пред крајот на дуелот. Полска не покажа квалитет за да биде рамноправен противник и на крај со голема неагтива го заврши мечот, иако се очекуваше посилен отпор од оваа репрезентација. Конечниот резултат гласеше 31:22. Амандин Лејно имаше седум одбрани, а интересно е тоа што успеа да се запише и во листата на стрелци, постигнувајќи еден гол, додека нејзината соиграчка од Вардар, Лакрабер го заврши мечот со 3 постигнати голови.

Интересен и возбудлив натпревар одиграа селекциите на Србија и Словенија, кој им припадна на Србинките со резултат 36:34. На натпревар со многу постигнати голови, на крајот триумфот им припадна на Србија. Добро го отворија натпреварот и имаа предност од 9:5. Сепак Словенија успева да врати и со серија од 0:4 да го израмни резултатот на 9:9. До првото полувреме се игра доста израмнето и на одмор Србија заминува со минимално водство од 17:16.

Во второто полувреме, Србија постојано имаше предност која достигна и до четири голови предност. Сепак избраничките на Урош Брегар не помислуваа да се предаваат и на пет минути пред крајот повторно израмнуваат на 32:32. Сепак финишот им припадна на Србија, кои успеаа да поведа со 35:33, за во последната минута по еден гол да постигнат двете репрезентации за конечни 36:34. Убедливо најефикасна во составот на Словенија беше Тамара Мавсар која постигна 9 голови, додека Барбара Лазовиќ додаде 3 погодоци.