Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар ген.2008 и 2009 одиграа „контролки“
ФК Вардар ген.2008 и 2009 одиграа „контролки“

ФК Вардар ген.2008 и 2009 одиграа „контролки“

Вчера избраниците на Миле Крстев, ФК Вардар ген.2008 и 2009 одиграа контролни-натпревари на терените при Академијата на ФК Вардар во Скопје. Наши противници беа врсниците од екипите на ФК Форца и тимот на Њу Старс.

a24 a88888888888

Први средба одиграа екипата на ФК Вардар генерација 2009 и тимот на ФК Њу Старс, овој дуел заврши со победа на гостинот. Ривалот се закани најпрвин, и поведе со 0-1.  Потоа ние имавме две големи шанси преку Јаков Стојковски и Павел Котески-Митровски кои не ги претворивме во гол. Дојде и изедначувањето за нас погоди Папаливски Васко , а за пресврт стрелаше Дарин Михајловски. На одмор заминавме со реми 2-2 по изедначувањето на противничкиот тим.

aa a24 a

Вториот дел започна со рамноправна игра, ние имавме прилки, но и ривалот. На нашиот гол во овој период како и во првиот дел дузина добри одбрани имаше нашиот голман Баснарков Марко. Њу Старс со три гола дојде до победа на оваа средба со резултат 2-5.

a3 a2

Потоа пријателски дуел одиграа екипите на ФК Вардар генерација родени 2008 и тимот на ФК Форца од Скопје. Овој дуел заврши со резултатска симетрија 1-1. Избраниците на Миле Крстев и Јовче Џипунов по еднаш ја затресаа противничката мрежа на оваа тест-средба.

d d2

Првиот дел започна со наша иницијатива, ние имавме повеќе од играта во поле. Создававме прилики и една од нив за предност реализираше Леонид Станчевски кој стрелаше за 1-0. Противникот потоа успеа да погоди за реми 1-1.

d4 d6

Со овој резултат се замина на одмор помеѓу двете полувремиња. Двата тима во вториот дел се обидуваа да погодат, сепак тест-натпреварот заврши со резултатот од првиот период.

Наскоро на Вардар фанс ќе ви поставиме целосна фотогалерија од овие две средби одиграни вчера.