Македонската фудбалска репрезентација до 16 години денес заминува за Црна Гора, каде во претстојниов период ќе одигра контролни натпревари со соодветната селекција на оваа земја.
Селекторот на Македонија У16, повика и двајца играчи од редовите на Вардар, но едниот од оправдани причини мораше да го откаже настапот, се работи за Димитар Порчу, а со репрезентацијата ќе патува најдобриот стрелец на Вардар, тоа е Алтин Алији за кој ова ќе биде деби настап во националната репрезентација на Македонија.
Дел од оваа генерација на Македонија се уште и неколку играчи кои од Вардар преминаа во Академијата на ФФМ, како Дарко Сековски, Матеј Гаштаров и Кристијан Галевски.