Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери на Вардар минаа во ¼-фин. од Купот, убедливи со ФК Победа
Пом.пионери  на Вардар минаа во ¼-фин. од Купот, убедливи со ФК Победа

Пом.пионери на Вардар минаа во ¼-фин. од Купот, убедливи со ФК Победа

Помладите пионери денес во 1/8-финалето (еден меч) во Купот на Македонија ја пречекаа екипата на ФК Победа од Прилеп. Дојдовме до победа и пласман во ¼-финале од Купот со резултат 4-1 (2-0).

Првиот дел го започнавме со наша доминација и отворивме со ран погодок, веќе во 5.минута Давитов Петар стрелаше за 1-0. Атакувавме на удвојување на предноста, веќе по 8.минути фудбал погодивме преку Керими Фуад, кој во 13.минута со удар со глава донесе високи 2-0. Со два гола заминавме предност на одмор. Треба да се напомене дека во првиот дел две одлични одбрани имаше Јаневски Лука.

.
Во вториот дел по 15-сетина минути фудбал, ривалот успеа да ја преполови нашата предност и намали на 2-1. Ние не се предадовме и тргнавме да ја вратиме предноста од два гола. Трајчевски Гоце во 87.минута погоди за 3-1, противникот се отвори и ние искористивме во следниот напад , во 88.минута Радески Златко ги постави конечните 4-1.

Вардар: Јаневски Лука, Ивановски Алексеј , Смиљков Филип, Крстевски Марко, Керими Фуад Котевски Петар, Давитов Петар, Јорданоски Михаил, Стојанчевски Ненад, Шаботиќ Емир и Радески Златко.
✔️Играа уште: Блажевски Иван, Крстевски Антонијо, Димов Михаил, Трајчевски Гоце и Дамевски Филип