Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Среќен роденден ЛЕГЕНДО ВАРДАРОВА, Драган Мутибариќ полни 76 години
Среќен роденден ЛЕГЕНДО ВАРДАРОВА, Драган Мутибариќ полни 76 години

Среќен роденден ЛЕГЕНДО ВАРДАРОВА, Драган Мутибариќ полни 76 години

Денес својот 76-ри роденден го прославува најголемото голманско име во фудбалскиот клуб Вардар од основањето, далечната 1947 до ден денес, Драган Мутибариќ. Тој на денешен ден далечната 1946 се роди во Сомбор-Србија, сепак животот посака да биде скопјанец и вардарец да биде играчот со бројот еден во скопски Вардар каде највеќе се афирмираше. Редакцијата на Вардар фанс му посакува долг живот и здравје.

Меѓу плеадата извонредни чувари на „црвено-црната“ мрежа, во преден план отскокнува името на прославениот и честопати несовладливиот Драган Мутибариќ. Роден на 10 ноември 1946 година, во Сомбор – соседна Србија, Мутибариќ со успех настапува меѓу вардаровите стативи, најпрвин од 1966-тата до 1975-тата, а потоа и од 1979-тата до 1983-тата година.

muto1-660x330-660x330

Во тимот на Вардар има брането на вкупно 461 натпревар, од кои 256 се првенствени средби и според бројот на настапите се наоѓа на четвртото место во богатата клупска историја.

Човекот кој остави неизбришливи траги со неговите бравурозни интервенции, во неколку наврати работеше и како тренер на голманите во првиот тим и младинските екипи на Вардар. Токму како  член на стручниот штаб, Мутибариќ може да се пофали и со четири освоени трофеи во државното првенство (сезона: 1992/93, 1993/94, 1994/95 и 2002/03) и еден во националниот куп (1997/98) во независна Република Македонија.

mutibaric-vardar