Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерите одат во ¼-финалето од Купот, Гаштаров со гол вреден пласман
Пионерите одат   во ¼-финалето од Купот, Гаштаров со гол вреден пласман

Пионерите одат во ¼-финалето од Купот, Гаштаров со гол вреден пласман

Пионерите на Вардар, денес во 1/8-финалето (еден меч) во Купот на Македонија ја пречекаа екипата на ФК Победа од Прилеп. На овој дуел дојдовме до победа и пласман во ¼-финале од Купот со резултат 2-1 (1-0).

Вардар: Краљевски Максим, Атанасовски Лука, Спасовски Милош, Порчу Димитар, Николовски Марко, Величковски Андреј, Танчев Михаил, Гаштаров Матеј, Алексовски Дамјан , Цониќ Максим и Миовски Александар.

.
Наша иницијатива имаше во текот на целото прво полувреме, на оваа Куп средба. Прва голема шанса имавме кога со силен удар под пречка упати Марко Николовски но голманот со крајни напори одбрани. Во последната минута од полувремето после една грешка на голманот, Марко Николовски донесе водство од 1:0, со овој погодок во 42.минута заминавме на одмор со позитива од еден гол.

.
Противникот започна подобро на почетокот на вториот дел, по 10.минути, во 55.минута успеаа да дојдат до резултатска симетрија, Победа изедначи на 1-1. Ние напаѓавме со цел пласман понатака и избегнување на „пенал-рулетот“. Се играше 81.минута нафрли одлично Марко Николовски, топката дојде до Гаштаров кој бидеше за 2-1 и голема радост на црвено-црните. Овој гол донесе пласман понатака.

Играа уште: Бектеши Хабиб , Хасиќ Мирза , Грбовиќ Дарис и Анастасов Матеј