Во сабота (12.11), во рамките на 10.коло во ракометната Супер Лига, Вардар е домаќин на Прилеп.
Натпреварот во сабота ќе се одигра во С.Ц.Јане Сандански со почеток од 12:30 часот. Женска судиска двојка ќе биде задолжена за правдата на овој натпревар. Се работи за Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје, додека делегат ќе биде Камер Металари.
После девет одиграни кола, Вардар е лидер на табелата со максимален број на бодови (27), додека екипата на Прилеп се наоѓа на 6.позиција со 7 освоени бодови.
На првиот натпревар одигран во Прилеп меѓу двете екипи, Вардар славеше убедлив триумф со резултат 19:34.