Дел од фудбалерите на ФК Вардар и помошник тренерот Александар Васовски кој е поранешен ученик на Основното Училиште „Григор Прличев“ во скопската населба Железара беа во посета на истото. Вардарци ги посетија и ги израдуваа учениците од ова училиште. Момците им делеа маички, автограми, фотографии, а дечињата го искористија сето тоа да се фотографираат со нашите фудбалери. Учениците имаа можност да се запознаат со своите идоли и да побараат автограми од нив, а на крајот фудбалската екипа од ова училиште одигра и фудбал на игралиштето.
Со оваа посета продолжува посетата низ скопските училишта на Вардаровите фудбалери како дел од кампањата „црвено-црни училишта“. Во 2017 година играчите до сега беа во училиштата Васил Антевски – Дрен, Кирил Пејчиновиќ, Рајко Жинзифов и Лазо Ангеловски.